Поврзете се со нас

Шпанија

Чави нема да смета на „златното момче“ до крајот на оваа година

Објавено

на

Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандес нема да може да смета на талентираниот Педри до крајот на оваа календарска година.

Педри кој пред само неколку дена ја доби наградата „Златно момче“ имаше неверојатна година во која едноставно беше активен на скоро сите мечеви за клубот и репрезентацијата за која играше како на ЕП така и на Олимписките Игри, но сега тој напор го плаќа и ќе мора да почека да се врати на терените дури во 2022 година.

Имаше информации дека во месец декември ќе може да заигра, меѓутоа ама тоа нема да се случи и за тоа е донесена одлука.

Ова значи дека ќе има повеќе простор за останатите играчи пред се се мисли на тинејџерите Гави и Нико Гонзалес кои годинава се промовираа со своите партии и добиваат се поголема и поголема минутажа, односно веќе се стандардни првотимци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни