Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Не сме навикнати да играме на сонце…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона во една седмица забележа две реми средби во низа и овојпат се намали предноста во однос на Реал Мадрид, бидејќи „кралскиот клуб“ вчера победи во Кадиз со резултат 0:2.

По нерешениот резутлат со Џирона во понеделникот, Барса денеска ремизираше и на гостувањето во шпанската престолнина кај Хетафе, и тоа одново со најнепопуларниот резултат 0:0.

Крајот на натпреварот разочара дел од играчите на Барселона, а Марк Андре Тер Штеген се пожали на условите на теренот, односно неискосената и сува трева.

Во таа насока продолжи и Чави Ернандес, кој покрај тоа што се пожали на лошиот терен, истакна дека неговиот тим не е навикнат да игра во еден од пораните термини на сонце.

– Високата и сува трева не ни одеше во прилиг, но го знаевме тоа. Вчера трениравме на сув терен во Барселона и знаевме што ќе не чека тука. Тешко е да се игра на ваков терен. Знам дека добивам многу критики кога се жалам за теренот, но на играчите им е најтешко да играат во вакви услови. Топката не се движи и тоа не е добро за никого, ниту за Хетафе.

– Тоа не е изговор за резултатот, мора да пронајдеме поголема мотивација и подобра игра. Ништо не е завршено во Ла Лига, има уште многу за играње. Исто така, ние сме навикнати да играме навечер, не сме навикнати да играме на сонце и тоа не ни одеше во прилог денеска, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни