Поврзете се со нас

Шпанија

Чави не се согласува со анализата на медиумите: Оваа сезона играме подобро од претходната

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона ќе се сретне со Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп, а во пресрет на новото „Ел Класико“ на неутрален терен, тренерот Чави Ернандес повторно имал сериозна дебата со новинарите.

На последната прес-конференција, Чави истакнал дека не се согласува со медиумските анализи дека формата на неговата екипа е во пад, поточно тој смета дека перформансите се подобри во однос на претходната сезона, без разлика што ситуацијата на табелата не покажува такво нешто.

– Не се согласувам со таквите ставови.

– Игравме одлично против Севилја, Атлетик Билбао и Реал Мадрид, заслуживме многу повеќе на тие натпревари, исто така и против Џирона. Во Лигата на шампионите бевме одлични против Порто.

– Мислам дека сезонава играме добро, дури и подобро од претходната, но очигледно нашите анализи не се поклопуваат, – рекол Чави во пресрет на натпреварот во Ријад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни