Поврзете се со нас

Шпанија

Чави не се премислува: Ја донесов вистинската одлука

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес најави дека ќе ја напушти Барселона по крајот на сезоната, а вчера потенцирал дека не планира да ја повлече веќе донесената одлуката.

Неговиот тим денеска ја пречекува Гранада, а тренерот на Каталонците посакува продолжување на победничката серија, која започна откако шокираше со одлуката да замине од клубот.

– Мислам дека јасно навестив што ќе се случи, ништо не е променето и сега сум концентриран на секојдневните обврски со тимот.

– Донесов вистинска одлука, мислам дека клубот треба да тргне во друга насока и му е потребна различна динамика. Размислувам само за следниот натпревар, одлуката е јасна.

– Имам добри односи со Деко и се обидувам да помогнам за се што можам иако знам дека нема да бидам тука следната сезона. Фактот што знам дека се ближи периодот на разделба е дополнителна мотивација за мене, – рекол Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни