Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Не сакам да зборувам за мојот наследник

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Чави Ернандес одлучи да ја напушти Барселона по крајот на оваа сезона, одлука со која го изненади клубот кој сега треба да најде соодветна замена за него, човек кој ќе може да одговори на предизвикот во овие тешки времиња за шпанскиот великан кога е во прашање финансиската состојба.

Многу имиња се појавија низ медиумите во изминатиов период, а меѓу нив и она на Луис Енрике кој во моментов го води Пари Сен Жермен.

Токму околу него Чави доби прашање, но стратегот беше мнгу јасен и конкретен.

-Луис Енрике? Не сакам да разговарам кој ќе стане тренер после мене. Воопшто не сакам да зборувам за следната сезона бидејќи имаме уште многу да играме во оваа, -истакна тренерот на каталонците.

Барселона вечерва е домаќин на Мајорка во средбата со која ќе се отвори 28. коло во Примера.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни