Поврзете се со нас

Шпанија

Чави не може да ја сфати одлуката на судиите: Повторно ни ставија крст!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона се стави во ситуација да брка два гола негатива на гостувањето во Андалузија кај Гранада, но ако против Селта Виго анулираше ваква негатива и победи со 3:2, сега остана на чекор од такво нешто.

По двата гола кои ги постигна Брајан Сарагоса во првите 29 минути, Барселона притискаше цел натпревар и стигна до израмнување, но во судиското продолжение постигна и гол за пресврт.

Жоао Феликс се најде на вистинско место по центаршутот на Кансело, а иако Португалецот не беше во офсајд, судиите проценија дека Феран влијаел врз движењето на голманот и поради тоа погодокот беше поништен.

Оваа одлука сериозно ги налути фановите на Барса, но истото важи и за Чави кој смета дека неговиот тим одново е оштетен во оваа натпреварувачка сезона.

– Вистинска штета е што го поништија голот, бидејќи сега ќе зборувавме за нов одличен пресврт. Лесно го поништија, но лесно можеа и да го потврдат голот. Феран не влијае врз акцијата, топката минува два метри од него и немаше никакво учество во акцијата. Повторно ни ставија крст со одлуката која ја донесоа.

– Што се однесува до мечот во целост, доминиравме и заслуживме подобар резултат. Факт е дека не смееме да излезе вака на теренот, примивме гол во првите секунди, а потоа уште еден при првата нивна контра. Од тој момент добивме мир, доминиравме и заслуживме да победиме. На крајот освоивме бод и тоа за нас не е доволно, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни