Чави не е оптимист за еден од двата најавени бомбастични трансфери на Барселона

xavi-adidas

Чави Ернандез вчера преку социјалните мрежи ги освои фановите на Барселона со симпатичното видео кое го сподели на Инстаграм, но само еден ден подоцна, повторно се најде во фокусот на јавноста поради интервјуто кое го направи за угледната шпанска телевизија „Мовистар“.

Како по обичај, Чави доби за задача да ги коментира најинтересните и најактуелни случувања во Барселона, односно го искажа својот став за двете бомбастични засилувања кои јавноста веќе извесно време ги најавува како нови играчи на каталонскиот гигант. Станува збор за Нејмар и Гризман, две големи фудбалски ѕвезди за кои шпанскиот првак води сериозни преговори, но кои сепак не изгледаат лесно остварливи.

Многу поедноставна изгледа ситуацијата со Гризман за кого се верува дека го делат само часови од трансфер на „Камп Ноу“, а токму ова мислење го дели и Чави кој искрено вели дека не е голем оптимист за ангажманот на Нејмар.

– Имав можност да играм со Нејмар и имам одличен однос со него. Фудбалски гледано, неговото враќање ќе значи неверојатно засилување за Барселона, но искрено, многу тешко гледам како би се остварило тоа. Навистина многу тешко дека ќе се оствари целата операција. Сепак, ќе мора да почекаме, – порачува Чави кој пак е далеку поголем оптимист за пристигнувањето на Французинот.

– Гризман е страшен играч, играч од светска класа. Направи разлика во Атлетико Мадрид, во Франција и ми изгледа како извонреден фудбалер. Се уште не е ништо официјално, но по се изгледа, тој ќе заврши во Барселона и тоа ќе биде многу добро. Како голем фан на Барселона, се радувам на ова засилување од највисоко скалило, – додава легендарниот капитен на Барса.

Facebook Коментари