Поврзете се со нас

Лига Европа

Чави му одговори на Тен Хаг: Нашиот недосуден пенал беше голем како катедрала (Фото)

Објавено

на

Foto:fcbarcelona.com

Ерик Тен Хаг експресно се пожали за лошата одлука која ја донел судијата Маријани на штета на неговиот тим, но ако менаџерот на Манчестер Јунајтед се жалеше за недосуден прекршок над Рашфорд и бараше црвен картон, ништо помалку критички настроен не беше и Чави Ернандес.

Тренерот на Барселона одговори на поплаките на противникот и порача дека за Барса имало два пенали, од кој оној во самата завршница бил голем како катедрала.

По едно играње со глава на Серхи Роберто, топката заврши во раката на Фред, но судијата на теренот и оние во ВАР собата проценија дека сепак нема доволно елементи за најстрога казна.

– Тоа на крајот беше пенал голем како катедрала. Како да се чувствувате после тоа? За мене тоа беше чист пенал, без никаков сомнеж. Раката не му беше во природна позиција.

– Истово ни се случи и во Милано против Интер во Лигата на шампионите. Не ни досудија пенал тогаш, а ниту сега. Не знам што треба да се случи за да ни досудат пенал после играње со рака, за мене ова изгледа неверојатно. Четвртиот судија ми кажа дека го провериле, но дека не било пенал, – откри Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни