Поврзете се со нас

Шпанија

Чави му испратил јасна порака на агентот на Дембеле: Ако не прифати ниту една…

Објавено

на

Остануваат уште неколку дена до крајот на овој преоден рок, па сите екипи се обидуваат да затворат некои важни прашања, да ја засилат екипата или пак се ослободат од некои играчи кои не им се потребни.

Шпанскиот великан Барселона има еден голем проблем во моментов, а тоа е Усман Дембеле. Французинот е во завршните месеци од договорот и истиот не сака да го продолжи или поточно не по условите кои му ги нуди клубот.

Со оглед на тоа Барселона сака да се ослободи од него да го продаде затоа што не сака играчи кои не се максимално посветени на проектот. Меѓутоа кај самиот играч постои желба да остане, ама неговиот агент Муса Сисоко бара поголеми финансиски средства и во моментов ситуацијата е комплицирана и најдобар доказ за тоа е што напаѓаот не се најде во комбинација за последните натпревари на екипата.

Поради сето ова Сисоко слета во Каталонија за да ја расчисти ситуацијата и според информациите имал состанок со тренерот Чави Ернандез. Чави му ги соопштил опциите на Сисико по што агентот прашал што ќе се случи ако тие не прифатат ниту една од нив на што стратегот му дал краток и директен одговор:

-Ако не прифати ниту една од двете опции (да ја продолжи соработката или биле продаден), тој нема повеќе да заигра за Барселона, -порачал Чави, а пренесува „Марка“.

Останува да се види каква завршница ќе има оваа приказна, како можни решенија се споменуваат трансфер на Французинот во Челси или ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни