Поврзете се со нас

Шпанија

Чави му честиташе на својот поранешен соиграч: Тој е најголемиот шпански талент во историјата на фудбалот! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес го подготвува својот тим за тешкото гостување на „Сан Мамес“ кое е едно од убедливо најнезгодните оваа сезона, од една страна поради агресивниот пристап кој го имаат баскијците, но и поради квалитетот кој го поседува тимот на Ернесто Валверде.

Тренерот на Барса не штедеше комплименти за својот колега на денешниот прес и имаше само позитивни зборови за Атлетик како целина, посочувајќи дека тоа е тимот кој игра со убедливо најголем интензитет во Шпанија.

Чави нагласи дека неговиот тим ќе мора да одигра без грешка за да освои три бода во Баскија, но за време на обраќањето пред новинарите проговори и за убавиот јубилеј кој го прослави неговиот поранешен соиграч.

Андрес Иниеста стигна до 1000-ти натпревар во својата кариера и заокружи една неверојатна бројка, а овој факт не остана незабележан од Чави кој го смета Дон Андрес за најголемиот шпански талент во историјата на фудбалот.

– Иниеста е најголемиот талент кој сме го виделе во шпанскиот фудбал. Можам само да му честитам. 1000 натпревари се навистина многу. Тој остави наследство кое тешко дека некој ќе го повтори. За мене, тој е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, – посочи Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни