Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Мора да го промениме менталитетот ако сакаме да освојуваме трофеи

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона освои само бод на гостувањето кај Рајо Валјекано и им даде можност на ривалите за титулата да ја зголемат предноста на табелата.

Тренерот Чави Ернандес по мечот истакнал дека неговиот тим мора да го промени менталитетот ако сака да има високи цели сезонава.

– Мислам дека ова беше дуел на две различни полувремиња. Во првото полувреме игравме добро, но тоа не ни носеше некаков ефект.

– Второто полувреме не беше доволно добро, се разбудивме предоцна. Почнавме да креираме шанси, но требаше да постигнеме повеќе голови.

– Мора да го промениме менталитет ако сакаме да освојуваме трофеи. Ако сакаме да ја освоиме Ла Лига, мора да победуваме на вакви натпревари, мора да бидеме самокритични и да се подобруваме, – истакнал Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни