Чави: Мојот сон е да бидам тренер на Барселона, но…

cavi

Легендарниот Чави Ернандез во текот на оваа година одлични конечно да и стави крај на својата активна фудбалска кариерата со тоа што веќе е познато дека истата ќе ја продолжи на едно поинакво ниво со поинква улога како предводник на Ал Сад, клубот за кој настапуваше во изминативе четири години.

Поранешниот шпански репрезентативец се надева дека одлично ќе се снајде во новата задача, односно на тој начин ќе си го отвори патот и во иднина ќе си го оствари својот сон-да биде предводник на неговиот матичен клуб, клубот во кој се прослави на големата сцена Барселона.

Тој ова уште еднаш го посочи во интервјуто за „ТВ3“ кое утре ќе се емитува со тоа што јасно нагласи дека тоа не му е опсесија.

-Мојот сон е да се вратам во Барселона како тренер. Тоа е мојата цел, но без тоа да ми стане опсесија, -истакна Ернандез.

Facebook Коментари