Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Многу сум убеден во одлуката, не за мене, туку за клубот!

Објавено

на

Барселона имаше сигурен настап во пресметката со Хетафе на која оствари победа од 4-0 со што дојде до втората позиција во Примера.

Каталонците се мачат сезонава и кога победуваат тоа е со мала разлика, многу напор, но денеска беше сосема спротивно и актуелниот првак си ја заврши задачата со погодоците на Рафиња, Феликс, Де Јонг и Лопез.

Тренерот Чави Ернандес е задоволен од настапот, но тој и понатаму не жали за одлуката што ја донесе пред некое време, да си замине од клубот по крајот на сезоната.

-Дали жалам за одлуката? Не, сосема спротивно. Одлуката е многу коректна бидејќи тимот направи чекор напред. Многу сум убеден во одлуката. Не за мене, туку за клубот. И од се срце им благодарам на навивачите што се покрај мене, -порача стратегот.

Барса до репрезентативната пауза има дуели со Атлетик Билбао, Мајорка, Атлетико Мадрид и реваншот со Наполи во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни