Поврзете се со нас

Шпанија

Чави лут на новинарите: Не ми дозволивте да бидам Алекс Фергусон во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Поразот на Барселона од Вилјареал донесе и најава за сериозни промени во домашниот тим, а Чави на прес-конференцијата најавил дека нема да биде тренер следната сезона.

Играчката легенда на Каталонците нема да го одработи докрај договорот кој му истекуваше во 2025 година, а на пресот им префрлил на новинарите дека и тие сносат вина што нема долго да се задржи на клупата на омилениот клуб.

– Кога доаѓав, којзнае колку пати бев прашан дали јас ќе бидам Алекс Фергусон на Барселона.

– Вистината е дека тоа никогаш нема да се случи, а вие новинарите сте тие кои не ми дозволија такво нешто. Многу е тешко да бидеш тренер на Барселона, секојдневно гледаш како жестоко те критикуваат, тоа влијае на мене, – истакнал лутиот Чави.

Чави и Барса ја освоија титулата минатата сезона, но оваа веќе заостануваат десет бода зад лидерот Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни