Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Јас сум слободен на пазарот, но Лапорта донесе своја одлука

Објавено

на

Чави Ернандез ја продолжи соработката со Ал Сад, но сега отворено призна дека е слободен за преговори и на трансфер листата за европскиот пазар, изјава со која откри дека во изминатите четири месеци не стапил во контакт со ниту еден член од новата гарнитура на Барселона.

Иако се сметаше дека Жоан Лапорта ја одложува своајта конечна одлука за Роналд Куман поради преговорите со Чави, легендарниот капитен тврди дека тоа не било случај, бидејќи двете понуди кои ги одбил од Барселона, се случиле со претходното раководство предводено од Бартомеу.

Чави вели дека не добил понуда од Лапорта и дека воопшто не зборувал со него, но исто така не пропушти да потенцира дека мора да се почитува Куман кој останува тренер на првиот тим.

– Јас сум на трансфер пазарот и отворен за се. Станав тренер пред две години и имам одличен однос со Лапорта. Тој носи одлуки, а јас немав можност да разговарам со него во последно време. Тој одлучи да остане со Куман и на Роналд му ја посакувам цела среќа. Одлуката која ја донесоа сметам дека е најдобар за клубот. Секогаш следам што се случува во Барселона, јас сум голем фан на клубот, но во овие три или четири месеци, не бев контактиран од ниту еден член од новиот извршен одбор.

– Не знам кога ќе дојде моментот да ја водам Барселона. Јас сум слободен на овој пазар, но не се брзам за ништо. Не очекував да добијам толку брзо две понуди, но дојдоа и ги одбив. Се обидувам да бидам подготвен кога ќе дојде нова таква понуда, се ќе дојде со свое време, – додава Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни