Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Ја плаќаме цената за случајот кој не прогонува од стартот на сезоната

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона победи на тешкото гостување во Виторија кај Алавес и врза втор триумф во низа, кој доаѓа во ситуација кога Чави Ернандес реши да им симне товар на фудбалерите такашто објави дека се повлекува од тренерската функција на крајот од сезоната.

Чави уште при образложувањето на одлуката порача дека очекува олеснување кај самите фудбалери кои играа под голем притисок во последно време, а ако се суди според последните два резултати, одговорот е навистина добар.

По победата над Осасуна, пристигна и славје на гостински терен, од кое единствена негативна точка беше црвениот картон кој го заработи Витор Роке.

– Ќе го обжалиме вториот жолт картон на Роке, тоа е нова судиска грешка против нас. Исклучувањето е неправедно и ќе се жалиме за тоа. Добиваме многу критики за тоа што се жалиме, но мора да се гледаат фактите.

– Не е важно дали јас ќе кажам дека првенството е фалсификувано, или не. Сами гледате што се случува. Според мене, ја плаќаме цената за случајот кој не следи од стартот на сезоната. Случајот „Негреира“ ни донесе штета и тоа е единствената реалност. Тоа е она што го чувствувам и затоа го кажувам јавно. Барам од судиите да ни дозволат да се натпреваруваме, само тоа го барам од нив. Јас никогаш не би зборувал за судиите, но вие ме навлекувате. Барате од мене да зборувам, а потоа ме убивате. Јас само ја кажувам вистината и тоа е тоа, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни