Поврзете се со нас

Шпанија

Чави ја искоментира својата етапа во Барса и не ја затвори вратата за други шпански клубови

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес беше принуден да си замине од Барселона и ја заврши својата прва тренерска авантура во саканиот клуб во доста несекојдневни околности, но иако последната сезона не беше најдобра, легендарниот капитен на каталонците вели дека научил добра лекција за тренерската работа за време на својот мандат на „Камп Ноу“.

Во ексклузивното интервју за „Франс Фудбал“, Чави призна дека понекогаш голем проблем му правело тоа што бил сентиментално поврзан за клубот, но за време на разговорот, признава дека не би имал проблем во иднина да преземе и да води друг ривалски тим во Ла Лига.

– Моите први 18 месеци во Барселона беа многу добри. Имавме одличен проект со Алемани и Жорди Кројф, завршивме втори во Ла Лига, а потоа го освоивме шампионатот во 2023-та година. После тоа резултатите не беа толку добри, а заминувањето на Алемани и Кројф беше голем удар за мене.

– Кога ќе се навратам во ретроспектива, нашите резултати беа навистина многу добри ако се земе во предвид дека клубот беше во најлошата ситуација во својата историја. Очекувањата беа преголеми со оглед на моето тренерско искуство. Мојата поврзаност со Барселона понекогаш не ми правеше никаква услуга, на моменти бев премногу сентиментален. Како и да е, целото тоа патување беше вистинска лекција од која научив многу, – потенцира Чави.

– Немам поставено никакви услови за мојот следен проект, отворен сум на се. Зошто не би тренирал друг тим во Ла Лига? Барам возбудлив проект, имам големи амбиции и сакам да освојувам трофеи. Тоа ми е главната цел, – додава Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни