Поврзете се со нас

Шпанија

Чави ја дозна казната за црвениот картон против Атлетико

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона го суреди Атлетико Мадрид со 3-0 во дерби средбата во Примера, средба на која гостите во поголемиот дел не можеа на сметаат на услугите на тренерот Чави Ернандес кој беше исклучен во првото полувреме.

Ернандес имаше некои реакции кои не му се допаднаа на судијата Хосе Марија Санчез Мартинез кој прво му додели жолт, а потоа и црвен картон.

Со оглед на тоа што ова за Чави беше второ исклучувања во актуелнава сезона во таборот на каталонците стравуваа дека тој може да заработи поголема казна од дисциплинците и да го пропушти дербито со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Меѓутоа на крајот Ернандес мина со санкција од две средби што значи нема да биде крај клупата на дуелите со Лас Палмас и Кадиз, поточно ќе се врати за „Ел Класико“.

Воедно тој ќе плати и 600 евра, додека клубот 700 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни