Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Ја донесов мојата тешка одлука поради вакви реакции

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

БАрселона не брилјираше на натпреварот против Осасуна и долго се мачеше да ги скрши гостите од Памплона, но на крајот го направи тоа благодарение на зимското засилување Витор Роке.

„Тигрињо“ го постигна првиот гол во дресот на Барса и донесе минимален триумф за каталонскиот гигант, кој во самата завршница од мечот страдаше и покрај тоа што имаше играч повеќе на теренот.

Осасуна во две ситуации беше блиску до израмнување, но Чави остана задоволен од прикажаното на неговите фудбалери и нагласи дека јавно ја соопштил својата одлука за заминување само за да предизвика реакции какви што видел денеска.

– Ми се допаднаа неколку работи од овој меч. Тимот не изгледаше лошо, страдавме на моменти, но го очекував тоа. Имавме шанси и за полесен триумф, но имаше многу позитивни работи. Добро реагиравме, Витор Роке постигна гол, ја сочувавме својата мрежа и имавме добра игра на моменти. Не треба да ги заборавиме и трите освоени бода. Имаше добри работи, но треба да бидеме уште подобри.

– Нема да ви откријам дали играчите бараат да останам по крајот на сезоната, тоа се приватни разговори. Ја донесов мојата тешка одлука поради ова, за да видам реакција од тимот, а сега видовме дека е жив. Знам дека овие фудбалери ќе дадат 1 процент плус ако е потребно и денеска го направија тоа. Не е само тимот, видов позитивна реакција и од навивачите, тие заслужуваат чиста десетка. Целосната реакција после мојата одлука е крајно позитивна, – изјави Чави, кој како единствена негативна страна ја посочи повредата на Феран Торес.

– Нов незгоден удар, но ова е последица на криминалниот распоред кој го прават одговорните луѓе. Одигравме 9 натпревари за 28 дена и ова е резултатот….., – заврши Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни