Чави изненади со изборот и посочи кој ќе биде наследникот на Меси и Роналдо

cavi

Поранешниот легендарен фудбалер на Барселона, Чави Ернандез говореше за тоа кој ќе ги наследи фудбалерите кои обежелаа цела една деценија од модерниот светски фудбал, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

И двајцата над десет години беа во врвот на европскиот и светскиот фудбал, но како што се ближат кон крајот нивните кариери, така јавноста бара нивни наследници кои во иднина ќе доминираат во овој спорт.

Многумина сметаат дека тоа ќе биде Килијан Мбапе од ПСЖ кој е извонреденво својот тим, но Чави Ернандез посочи друго име кое ќе ги стигне или ќе ги надмине достигнувањата на Меси и Роналдо.

– Меси и Роналдо со години доминираа и тешко е да се сетиш на времето пред нив. За мене Меси е најдобриот фудбалер кој играл некогаш. Иако и двајцата се активни фудбалери ќе мора да дојде денот кога некој друг ќе „влезе во нивните копачки“. Кога ќе ги видите играчите, секогаш ќе помислите на Нејмар, Мбапе, Салах. Сепак, моментално Стерлинг е над сите.Секогаш бил добар играч , опасен, но под водство на Пеп Гвардиола може да стане најдобриот во светот. Се уште  е млад, резултатите од работата со Пеп се гледаат, а има одредени работи кои треба да ги поправи. Дефинитивно може да биде најдбар на светот, -изјави Чави Ернандез.

Facebook Коментари