Шпанија
Чави: Изјавата на Гундоган предизвика реакции поради разлика во култура

Чави Ернандес полека го архивира „Ел Класико“ поразот и се насочува кон она што следи за неговиот тим, а тоа е уште една тешка дерби пресметка против Реал Сосиедад.
Каталонскиот великан ќе гостува во Сан Себастијан претстојниов викенд и ќе има опасен тест во тимот кој го води Иманол Алгуасил, натпревар за кој Чави ќе може да смета на Педри кој беше во аут два месеци.
Офанзивниот фудбалер ќе биде опција плус за тренерот Чави, кој на денешниот прес мораше да ја објаснува и изјавата која ја даде Илкај Гундоган пред една недела.
Искусниот фудбалер беше бесен по „Ел Класико“ поразот и нагласи дека очекувал многу поголема лутина од своите фудбалери во соблекувалната, изјава поради која морал да одржи и говор пред тимот за да објасни дека ништо лошо.
– Не видов ништо контроверзно во зборовите на Гундоган. Сите сме согласни со него. Загубивме поради наши грешки, поради деконцентрација и го делиме неговиот став.
– Нема полемика во соблекувалната, но тој сакаше да се дообјасни и го направи тоа. Тој го сподели бесот кој го имавме сите во нас. Неговата култура е поразлична и се изрази отворено. Така функционираат овие работи, нема ништо контроверзно со Гундоган, – изјави Чави.
-
Италијапред 20 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Италијапред 14 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 12 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 22 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 13 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Балканпред 15 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Шпанијапред 22 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)