Поврзете се со нас

Шпанија

Чави издвои играч на Сосиедад: Тој е светска класа со и без топка

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона го доби дербито со Реал Сосиедад со гол на Араухо во самиот финиш, а тренерот Чави веќе истакна дека победата била среќна и неочекувана со начинот на кој играле неговите фудбалери на теренот.

По важната победа, Чави ги истакнал квалитетите на тренерот на Сосиедад, но и на еден од играчите на баскиската екипа.

– Мислам дека Реал Сосиедад заслужуваше повеќе, тие се одличен тим и имаат одличен тренер во Иманол.

– Исто така, мора да кажам дека Кубо е играч од светска класа. Не само со топката, туку и без неа, – рекол Чави.

Кубо во минатото бил дел од младинската академија на Барселона, а потоа стана член и на најголемиот ривал Реал Мадрид. Шпанските медиуми шпекулираат дека Реал размислува да го врати Јапонецот во своите редови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни