Поврзете се со нас

Шпанија

Чави издвои еден играч по победата на Барселона: Тој е срцето на екипата

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона оствари сигурна и убедлива победа во пресметката со Бетис од 5-0 и со тоа го презема врвот во шпанската Примера.

Каталонците беа доминантни, знаеја што сакаат во соочувањето со клубот од Севилја и го остварија најубедливиот триумф во досегашниот дел на оваа кампања.

Доста играчи оставија свој печат, белег на дуелот, но тренерот Чави Ернандес имаше посебни зборови за еден од нив-тоа е борбениот Гави.

-Гави е срцето на тимот, тој е клучен играч. Многумина велеа дека ќе игра помалку оваа сезона, но тој е играч за пример, -истакна Чави.

Нареден предизвик за Барса е Антверп во ЛШ, а потоа има домашен испит против Селта Виго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни