Поврзете се со нас

Шпанија

Чави испорача „бомба“ по вонредниот состанок со Лапорта: Донесов одлука, никогаш нема да бидам проблем за Барселона!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона на доста суров начин загуби од Вилјареал со 3:5 и претрпе нов тежок удар во борбата за титулата во Ла Лига, неуспех кој го натера Чави Ернандес да преземе радикален чекор и да порача дека си оди од клубот по крајот на сезоната.

Како што пренесоа шпанските новинари, Чави доцнел повеќе од половина час на предвидената прес-конференција поради состанокот кој го имал со претседателот Жоан Лапорта, кој прв дознал дека Ернандес ќе престане да биде тренер на првиот тим на 30-ти јуни.

– Сакам да го почнам овој прес со соопштение дека ќе престанам да бидам тренер на Барселона на 30-ти јуни. Оваа одлука ја донесов пред неколку дена, но сега е моментот да ја соопштам и јавно. На клубот му е потребна промена, потребна е промена во динамиката. Јас како закоравен фан на Барселона, мислам само за доброто на клубот, за доброто на играчите. Со оваа моја одлука, играчите ќе можат да бидат помирни до крајот на сезоната. Донесов одлука и никој нема да ме премисли, си одам на 30-ти јуни.

– Се надевам дека со ова ќе се намали тензијата. Јас сум одговорен за лошите резултати. Завршивме одлична работа откако дојдов тука, но сметам дека мојот проек како тренер треба да заврши на 30-ти јуни. Мислам само за доброто на клубот, чувствувам олеснување после оваа одлука која ја донесов.

– Имав состанок со Лапорта и имавме човечки разговор. Му порачав дека тоа ќе биде најдобро за клубот, по крајот на оваа сезона, ќе биде вистинско време за промена на динамиката. Сакам да му заблагодарам за цела поддршка која ми ја дава, тој е неверојатен. Јас сум голем фан на Барселона и го сакам само најдоброто за клубот. Кога ја носев одлуката, мислев на мојата сопруга, на мојот брат, на моите соработници. Никогаш нема да бидам проблем за Барселона и не сакам да бидам проблем за клубот.

– Првата година ми велеа дека не можам да бидам тренер, но ја освоивме титулата во Ла Лига. Се уште мислам дека имаме шанси за титулата во домашното првенство и оваа сезона. Јас сум оптимист по природа. Верувам и во титулата во Лигата на шампионите, но дури и тој трофеј нема да го промени моето мислење, – изјави Чави.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни