Поврзете се со нас

Свет

Чави имал понуда да биде на клупата на Бразил: Тоа беше неочекувана можност, јас сакав…

Објавено

на

Чави Ернандес веќе повеќе од една година е на чело на Барселона, тим во кој остави голема трага како играч, па сега желбата и целта е како тренер да го врати на тие победнички патеки.

Ова за него е прва сезона од самиот почеток и на крајот ќе ги видиме неговите резултати, но во меѓувреме додека трае паузата од клупските натпревари и во тек е Светското првенство, шпанската легенда откри една интересна информација, понуда која ја имал на маса.

Имено Чави можел да застане на клупата на Бразил, поточно да му биде еден од помошниците на актуелниот селектор Тите.

-Тоа беше сосема неочекувана можност. Зборував со нив преку мојот агент, имав можност да му се приклучам на тимот на Тите и да работам со нив, но сакав да бидам главен тренер, ја чекав мојата прилика да бидам во Барселона.

-Јас сум таму каде што сакам да бидам, според мене во најдобриот клуб во светот, тоа е во моето срце. Таму уживам и се обидувам да ја свртам ситуацијата во Барселона, но имаше шанса и јас разговарав со нив. Беше неочекувано, би рекол историско, но ги одбив затоа што сакав да бидам главен тренер, -обелодени Ернандес за „Гол“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни