Поврзете се со нас

Шпанија

Чави и Барселона со убав гест изненадија момче со посебни потреби (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона го има слоганот, паролата „Més que un club“ (Повеќе од клуб), а тоа носи дополнителна одговорност за некои работи и еден пример за тоа е последниот гест на клубот кој се однесува на 12-годишното момче Бруно кој во претходниов период беше актуелен со неговата маска како тренерот Чави Ернандес.

Бруно поради сериозна болест е во инвалидска количка, меѓутоа без разлика на сите проблеми тој ужива во животот, фудбалот, па Барса преку нејзината фондарција му подготви убаво изненадување, средба со Чави, а потоа и дружба со сите играчи на шпанскиот великан.

Ернандес имаше пријатен разговор со младато момче, го прошета низ клупските простории и го покани да биде гостин на реваншот со Наполи во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни