Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Гвардиола ме предупреди за ова, работата во Барселона е сурова и неблагодарна!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес излезе со бомбастична изјава по мечот со Вилјареал и најави дека го напушта клубот по крајот на сезоната, а денеска мораше да дава дополнителни одговори на оваа тема.

Во пресрет на дуелот со Осасуна, тренерот на каталонскиот гигант одново го изанализира цел процес низ кој минал во изминатите две и пол години, при што нагласи дека бил сериозно предупреден од Пеп Гвардиола дека работата како тренер во Барселона е неблагодарна и брутална.

– Морам да ви кажам дека оваа одлука ја имав донесено одамна, уште при самиот старт на сезоната мислев на вакво сценарио. Едноставно е, сметам дека не се цени доволно мојата работа, работата на мојот тим. Сметам дека јавноста не ја цени нашата работа и затоа сметам дека е најдобро да си одам.

– Зборувам генерално за јавноста и медиумите. Кога секојдневно не ви искажуваат почит за нешто што сте направиле, тоа прави да се трошите, физички и психички. Ги согледуваш работите и сфаќаш дека што и да направиш, никогаш нема да бидеш ценет. Не потпаднав под притисокот, јас знам да се носам со притисок. Едноставно е, тренерската работа во Барселона не се цени доволно.

– Претседателот побара да останам, исто важи и за навивачите. Велат дека сум донел погрешна одлука. Знам дека има и такви кои не можат да ме разберат, но јас веќе дадов добри одговори зошто ќе си одам. Кога велев дека овој тим е во фаза на конструкците, вие новинарите ме „убивавте“. Кога велам дека оваа Барселона не е како онаа во 2010-та година, има многу критики. Што и да направам, што и да кажам, не е доволно за јавноста. Чувствувам дека никако не можам да ве „купам“, дури и да ја освојам титулата со огромна предност пред Реал. Се создаде таков тренд за мене и Барса и затоа ќе биде добра одлука да си одам.

– Чувствувам дека работата во Барселона е сурова и неблагодарна. Секојдневно се обидуваат да ви нагласат дека не вредите доволно. Пеп ме предупреди за ова, ми кажа како одат работите во Барса. Тоа го имам зборувано и со Ернесто Валверде, а сите знаеме дека страдаше и Луис Енрике. Имаме проблем во опкружувањето, се создава неверојатен притисок и не се ужива во секојдневната работа. Изгледа како да играте за живот или смрт во секој момент и затоа велам дека е сурово и неблагодарно, – објаснува Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни