Шпанија
Чави го најде виновникот за лошата игра на Барса: За мене велеа дека сум туморот на Барса

Барселона трет натпревар во низа одигра под своите очекувања и играчите добија и свирежи на полувреме од мечот со Алавес, но фаворитот во вториот дел успеа да направи пресврт и да запише нови три бода во Примера.
Барса славеше над Алавес со двата гола на Роберт Левандовски и спаси уште еден незгоден меч во домашното првенство, а Чави верува дека непотребните критики од јавноста и блиското опкружување во клубот влијаат врз изданијата на неговиот тим.
– Блиското опкружување не ни помага со критиките кои ги има за нашата игра. Не го велам ова за фановите, ова го велам за медиумите во Каталонија. Мислам дека критиките се претерани. Критиките од јавноста влијаат негативно врз фудбалерите и затоа не играме добро во последно време. На полувреме се обидов да ги смирам играчите, им реков дека нема никој да ги изеде.
– Не бевме добри во првиот дел, но во вториот бевме навистина добри половина час. Малку се подобривме од последниот меч, но мора да бидеме многу подобри. Повторно примивме гол од нашата грешка и продолжуваме да подаруваме. Најчесто даваме подароци на нашите противници и затоа натпреварите се вртат против нас.
– Од тоа што го гледам, притисокот од јавноста не му помага на тимот, се зборува за сценарија кои не се реални, се создава непотребна негативна енергија. Јас сум навикнат, но овие играчи уште не се. За мене велеа дека сум туморот на Барселона во еден период од кариерата, а еве сега сум тука како тренер. Токму тоа им го кажав на играчите на полувреме. Им порачав да бидат мирни и дека ќе направат пресврт. На овие играчи им е потребна повеќе љубов и поголема поддршка, – изјави Чави.
-
Англијапред 19 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 17 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 20 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 22 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Англијапред 5 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Италијапред 23 часа
Де Лаурентис лудувал по поразот од Интер: Ова е грабеж!
-
Светпред 14 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година