Поврзете се со нас

Шпанија

Чави го најави доаѓањето на Левандовски: Тоа воопшто не ме загрижува

Објавено

на

Стратегот на Барселона, Чави Ернандез меѓу редови го најави доаѓањето на Роберт Левандовски од редовите на Баерн Минхен.

Полјакот и дефинитивно ќе си оди од Баварија во летниот преоден рок, а тоа го најави и самиот тој со порака преку социјалните мрежи, но и со гестот кон навивачите на Баерн.

Чави запрашан дали му пречи носењето на играчи кои се во поодминати години, тука се алудираше токму на Левандовски, одговори дека воопшто нема проблем со тоа.

– Кога некое засилување ќе биде дискутирано, неговите години не ме загрижуваат. Го донесовме Дани Алвеш кој имаше 38 години.

– Играчите се грижат сами за себе, тие се и повеќе од професионалци. Алвеш, Ибрахимовиќ, Кристијано или Меси ви се класични примери, -изјави Чави Ернандез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни