Поврзете се со нас

Шпанија

Чави го избра својот омилен играч за врска во актуелната Барселона

Објавено

на

Чави Ернандес се обидува да ја подобри играта на Барселона во сите аспекти и повеќе од јасно е дека најмног треба да работи на реализацијата, а секако голем предизвик за него е да го избира и вистинскиот тим на секој натпревар.

По двата одиграни меча на домашниот „Камп Ноу“ против Еспањол и Бенфика, Чави сега за првпат ќе ја води Барса на едно гостување, а пред дерби пресметката со Вилјареал, даде коментар за делот од играта за кој тој беше вистински специјалист.

Средниот ред на Барселона од неодамна е исполнет со многу млади фудбалери како Гави, Педри и Нико, но тука се и Френки Де Јонг и капитенот Бускетс кој за Чави сепак е недопирлив.

– Сите играчи од средниот ред имаат способност да шутираат и треба да бидат похрабри во одредени моменти. Сепак, најмногу се препознавам себеси во Бускетс, не само поради искуството кое го прикажува, туку и поради тоа како ја сфаќа и ја чита играта.

– Тој е термометарот во нашиот тим, клучен за мене како тренер, но и наш капитен кој дава пример на помладите фудбалери, – нагласува Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни