Поврзете се со нас

Шпанија

Чави го дели мислењето на Лапорта и Симеоне: Дури и слепец гледа дека шпанското првенство е фалсификувано!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта изминатиов период испрати низа напади до Мадрид и алудираше на тоа дека Реал добива судиска помош со употребата на ВАР, мислење кое го дели и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Големите ривали на „кралскиот клуб“ посебно го кренаа гласот по ситуациите кои беа актуелни на натпреварот со Алмерија, а надоврзувајќи се на жестоките изјави, сега со доста остар коментар излезе и Чави Ернандес.

Иако тренерот на Барселона се обидуваше да балансира и да биде помек во изјавите, сега кога најави заминување од клубот, не се штедеше и нагласи и дека тој го дели ставот на Лапорта.

– Веќе во неколку наврати кажав дека не сакам да се врши притисок кон судиите. Реал Мадрид преку својата телевизија постојано го прави тоа. Сметам дека шпанското првенство е фалсификувано и судиите работат под притисок. Случајот „Негреира“ не ни донесе корист, тоа е чистата реалност во дадениот момент. Го делам мислењето на претседателот, сто проценти стојам зад него.

– Јас не сум претседател на Ла Лига и на Федерацијата, но ме изненадува што се дозволија работите кои ги видовме. Со такви одлуки од судиите, целосно се фалсификува првенството. Симеоне беше јасен, посочи дека гледаме се и дека не сме глупави. Секако дека видовме што се случи, тоа го виде цел свет. Дури и слепец ќе види што се случува во шпанското првенство, немој да не правите глупави, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни