Поврзете се со нас

Шпанија

Чави ги „поздрави“ новинарите кои и се потсмеваа на Барселона: Што правиме сега?

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес ја оствари целта и Барселона ќе биде дел од четвртфиналето во Лигата на шампионите после четири години, успех кој донесе голема сатисфакција кај тренерот на каталонскиот гигант.

Иако имаше многу проблеми со повреди на клучни фудбалери, Барселона го надигра италијанскиот првак Наполи и со 3:1 славеше на „Монжуик“, а откако Барса се најде меѓу најдобрите осум во Европа, Чави постави прашање до сите критичари

– Се изврши неверојатен притисок врз играчите од стартот на сезоната, секој меч изгледа како живот или смрт, се измислија ултиматуми за овој натпревар. Им порачав на момците да останат мирни, им кажав дека никој нема да умре.

– Добивме многу незаслужни критики, велевте дека сме кловновите во Лигата на шампиони. Тоа го велеа и новинари кои се фанови на Барса…. Што правиме сега со тие кои велеа дека сме кловнови? Јас сум среќен и многу задоволен, го одигравме најдобриот натпревар од стартот на сезоната и тоа против многу сериозен ривал.

– Пресреќен сум за момците, дадовме се од себе и мислам дека играме подобар фудбал од минатата сезона. Сите емотивно сме испразнети после оваа победа, ова е вечер за уживање на сите фанови. После четири години сме дел од четвртфиналето во Лигата на шампиони, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни