Поврзете се со нас

Шпанија

Чави ги поткачи играчите: Тоа не убива цела сезона…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона никако не успева да фатим ритам, па вчеравечер им приреди уште едно разочарување на своите навивачи и тоа против една од најслабите екипи во шампионатот, Гранада (3-3).

Како и на првиот сезонски натпревар и сега каталонците не успеаа да слават против аутсајдерот кој им даде дури три гола на „Монжуик“, вкупно пет во кампањава што е навистина премногу за тим кој има највисоки амбици, цел да остане на врвот во Примера.

Тренерот Чави Ернандес секако е разочаран од тоа што се случи, но овојпат меѓу редови ги закачи играчите кои постојано се обидидува да ги заштите во текот на годинава иако на скоро секој меч прават индивидуални грешки кои едноставно се недозволиви на оваа сцена.

-Имавме свои моменти, особено кога можевме да дојдеме до 2-0. Се ќе сменеше. Потоа направивме премногу грешки, не можеме да си го дозволиме тоа. Ова е и она што не убива оваа сезона. Да се освои Ла Лига беше тешко пред овој меч, но сега е уште потешко. ама не е невозможно.

-Едноставно направивме премногу грешки. Така беше и против Виљјреал, нашите грешки стигнаа кога играта беше во наши раце. Невозможно е да се натпреварувате ако подарите толку многу работи на теренот. Невозможно е да се биде конкурентен кога ќе примите три гола дома. Нашите грешки доаѓаат од ситуации на кои работевме цела недела, -порача шпанскиот стратег кој е по се поголем притисок и прашање е дали ќе остане на функцијата и до крајот на сезоната ако веднаш не се променат некои работи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни