Шпанија
Чави: Фудбалот носи многу големи неправди, а една е онаа со нашиот капитен

Серхио Бускетс оваа недела ја информираше јавноста дека нема да го продолжи договорот со Барселона и дека става крај на незаборавната етапа која траеше 15 години, вест која нималку не го израдува тренерот на првиот тим, Чави Ернандес.
Чави со сите сили се обидуваше да го убеди Бускетс да остане најмалку уште една сезона на „Камп Ноу“, но откако мораше да се помири со конечната одлука на поранешниот соиграч, најавата на дербито со Еспањол ја искористи за да испрати низа комплименти на негова сметка.
Ернандес нагласи дека Бускетс бил најинтелигентниот фудбалер со кој го делел теренот во својата играчка кариера, а истовремено посочи дека голема неправда било тоа што никогаш не ја добил „Златната топка“.
– За Бускетс е многу важно да си замине со титулата во Ла Лига, да се чувствува важно и ценето. Неговото заминување ќе се одрази врз тимот, но мора да ја почитуваме неговата одлука. Тој е пријател, најинтелигентниот играч со кој сум играл на теренот. Беше чиста 10-ка во се што правеше. Тој е најдобриот дефанзивен играч за врска во историјата на Барселона.
– Не сум видел подобар од него, кога не добиваше номинации за „Златната топка“, тоа ми изгледаше на голема неправда. Фудбалот носи големи неправди, а една е онаа со нашиот капитен. Сите велите дека најдобри играчи за врска сме јас и Иниеста, но тука би го ставил и Бускетс, – потенцира Чави.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 24 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки