Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави етаблираше нов играч за врска и направи две промени во стартната постава (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

На еден час пред првото осминафинале меѓу Наполи и Барселона, двајцата тренери ги открија картите и ги избраа тимовите кои ќе истрчаат на „Диего Армандо Марадона“, со тоа што доста поголемо внимание привлече поставата на Чави.

Ернандес и дефинитивно го етаблира Кристенсен како нов играч за врска и повторно го постави како деструктивец во својата постава, но направи и две измени во почетните 11 во споредба со последниот меч со Селта Виго.

Ињиго Мартинез добива шанса во срцето на одбраната како стопер, додека во стартните 11 се враќа и Илкај Гундоган кој ќе се обиде да го контролира средниот ред со Кристенсен и Де Јонг.

Почетни 11 Барселона: Тер Штеген, Кунде, Араухо, Мартинез, Кансело, Кристенсен, Де Јонг, Гундоган, Педри, Јамал и Левандовски

Почетни 11 Наполи: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Жезус, Оливера, Кажуст, Лоботка, Ангиса, Кварацхелија, Политано и Осимен

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни