Поврзете се со нас

Шпанија

Чави е воодушевен од него: Тој е неверојатен, прави разлика…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона го совлада Алавес со 3-1 и ќе може мирно да се подготвува за наредниот предизвик, соочувањето со Гранада кој е последен тест пред битката со Наполи во Лигата на шампионите.

Каталонците вчера рутински ги освоија трите бода во Баскија против тим кој игра во добра форма во изминатиов период и многумина сметаа дека шампионот може да направи нов кикс со оглед на сите проблеми со повреди, но и комплетната форма во актуелнава сезона.

Меѓутоа Барса дојде до посакуваниот резултат, а тренерот Чави Ернандес имаше посебни комплименти до талентираниот Ламин Јамал кој игра голема улога на теренот иако тоа статистиката не го покажува (асистенции/голови)

-Тој е неверојатен талент. На 16 години. Многу малку се појавуваат во овие услови. Како работи, како се бори, како помага на тимот… Освен ако не ја добие лентата… веќе беше стартер. Тој нема плафон. Со него направив конкретен план. Тој прави разлика. Се соочуваме со нешто посебно. Истакнувам како се натпреварува, не се заморува. Тој трча многу километри со висок интензитет. Го остава противникот зад него. Јас сум многу среќен. Има одбранбена понизност, -порача Чави за 16-годишниот шпански репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни