Поврзете се со нас

Шпанија

Чави дополнително ги разочара фановите на Барса со изјавата за активностите на трансфер пазарот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Фановите на Барселона доживеаја големо разочарување на вчерашното „Ел Класико“ кое се одигра во Ријад и тимот на Чави Ернандес беше целосно надигран од вечниот ривал, кој со победата од 4:1 се реваншираше за поразот во истото сценарио пред една година.

Реал Мадрид одигра речиси перфектен натпревар и ги искористи сите слабости со кои се соочува тимот на Чави во последно време, но уште полоша вест за навивачите на каталонскиот гигант е онаа која пристигна од прес-центарот во Саудиска Арабија.

Барселона има огромни проблеми во одбраната и лошо се брани како тим, но се чини дека играчот кој најмногу недостасува во тимот на Ернандес е Гави.

Младиот играч за врска беше срцето на тимот и правеше баланс во одбраната и средината, но иако Чави како приоритет посочи негова замена во јануари, по се изгледа нема да добие таков профил на фудбалер.

– Во овој момент сме немоќни за да направиме нешто на трансфер пазарот. Клубот не може да доведе и да регистрира ниту едно засилување, тоа е реалната ситуација во овој момент, – изјави Чави, кој претходно им се извини на навивачите на Барса за тешкиот пораз од Реал Мадрид.

Чави побара прошка по „Ел Класико“ лекцијата: Не можевме да се справиме со едно оружје на Реал

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни