Чави долови како ги учи своите деца за вредностите на Барселона уште од најмали нозе (Видео)

xavi-bocki

Чави Ернандез долги години беше клучна алка во играта на Барслеона и го наследи Карлес Пујол како капитен на првиот тим, а со оглед на тоа што има ДНК на Барса во својата крв, новиот тренер на Ал Сад преку социјалните мрежи се обиде да долови како уште од најмали нозе ги учи неговите наследници за вредностите на клубот.

Поранешниот играч за врска денеска сподели едно симпатично видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како заедно со својата сопруга ги учат малата ќерка и малиот син да ја пеат химната на Барселона.

Facebook Коментари