Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Дали би се вратил во Барселона? Ова е клубот на мојот живот…

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Чави Ернандес ја заврши приказната со шпанскиот прволигаш Барселона и тоа со победа против Севилја на „Рамос Санчез Писхуан“.

Многу работи се случија во Барса во изминатиов период особено кога е во прашање иднината на Чави, човек кој на почетокот на иднината најави заминување на крајот на сезоната, но потоа управата на чело со Жоан Лапорта работеше на тоа да го предомисли стратегот, јавно го притискаа неколку месеци, кампања која вроди со плод затоа што стратегот прифати да го одработи договорот кој му завршуваше во 2025 година.

Ама во меѓувреме дојде до нов пресврт, Лапорта, Деко и компанија ја сменија плочата и Чави заработи отказ и сега се очекува промоција на Ханси Флик.

Оваа ситуација дефинитивно остави лоша слика за клубот, водечките луѓе кои Ернандес не сакаше да ги нападне иако имаше простор за тоа по се што се случуваше во изнинатиов период затоа што беше казнет од истите само затоа што беше искрен за некои работи.

Шпанецот останува легенда на Барса и не ја затвара вратата во иднина одново да го води клубот на неговиот живот.

-Да, би сакал да се вратам, зошто да не? Барселона е клубот на мојот живот. Уживав во ова искуство – исто така страдав, се разбира. Но, сакам да бидам во овој клуб и да работам за него.

-Јас сум добро. Минатата недела беше тешко, но совеста ми е многу чиста. Горд сум и среќен. Кога стигнавме овде, знаевме дека е тешко време за клубот и мислам дека можеме да бидеме горди на работата што ја направивме, -порача 44-годишниот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни