Поврзете се со нас

Шпанија

Чави даде искрен коментар за иднината на Дембеле во Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона се уште нема официјално претставено ниту едно засилување за новата сезона што секако носи немир кај сите навивачи на клубот кои очекуваат далеку подобар, поквалитетен состав во новата сезона.

Се споменуваат доста имиња, ама засега нема ништо потврдено со тоа што каталонците полека остануват и без посакуваните цели. Имено подолг период Барса се поврзуваше со Рафиња од Лидс Јунајтед, потоа и со Анхел Ди Марија, но како што стојат работите првиот ќе заврши во Челси, вториот во Јувентус.

Ова го враќа шпанскиот вицешампион кон Усман Дембеле, играч кој му се допаѓа на тренерот Чави Ернандес и кој сака Французинот да остане на „Камп Ноу“, меѓутоа под голем знак прашалник е дали тоа ќе се случи.

Дембеле е под договор со клубот до крајот на овој месец, последните разговори за продолжување на сработката не вродија со плод, па по се изгледа и самиот Чави се откажува од идејата дека ќе може работи со крилото во иднина.

-Не можам ништо да ти кажам. Се зависи од него, -порача предводникот на прволигашот од Каталонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни