Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави: Барселона може да го победи Баерн во Минхен

Објавено

на

Барселона не успеа да ја победи Бенфика на домашен терен, со што се стави во комплирана позиција во пресрет на последното коло.

Каталонците ќе му гостуваат на Баерн Минхен, додека Бенфика го пречекува Динамо Киев, при што Португалците заостануваат два бода, но би имале предност во случај на исти бодови.

Тренерот на Барса, Чави Ернандес смета дека неговиот тим може да победи против Баерн кој веќе си обезбеди осминафинале.

– Пропуштивме добра шанса да избориме место во осминафиналето, но треба да гледаме напред.

– Ќе имаме нова шанса во Минхен, денес беше јасно дека Бенфика дојде за да избори реми и успеа во својата намера.

– Видов добри работи во нашата игра. Мислам дека можеме да го победиме Баерн, треба да покажеме карактер, пред се поради фактот што тоа ни е единствената шанса да се пласираме во следната фаза, – изјавил Чави.

Сеферовиќ со промашување на сезоната пропушти да ја шокира Барселона на „Камп Ноу“ (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни