Шпанија
Чави бара од управата да направи последен обид за играчот кој е на излезна врата од „Камп Ноу“

Многу прашања се отворени во Барселона и тоа дефинитивно е проблем за клубот и тренерот Чави Ернандес кој се уште не знае каков тим ќе има на располагање наредната сезона, односно дали управата ќе може даму ги исполни посакуваните желби за составување на екипа која ќе биде респектабилна, конкурентна за трофеи.
Се споменуваат доста имиња како потенцијални засилувања, но во исто време треба да си заминат и дел од играчите на кои Чави не смета, група од која не е дел од Усман Дембеле со тоа што кога е во прашање Французинот постои друг проблем.
Ернандес во повеќе наврати има истакнато колку го цени офанзивецот од кого успеа да го извлече максимумот во вториот дел од сезоната. Сепак договорот му истекува на крајот на овој месец и нема никаква вест дека Усман истиот ќе го прифати и остане иако самиот тој пред извесно време во разговор со фан ги отфрли вестите за преселба во Челси и порача дека останува во Каталонија.
Сепак тоа без договор не може да биде направено, па според „Спорт“ тренерот побарал од управата на Барса или пред се претседателот Жоан Лапорта и оперативецот Матео Алемани да направат последен обид за договор, продолжување на соработката.
Тој смета дека клубот може поевтино да помине со оглед на тоа што Лидс бара високо обештетување за Рафиња, плус Усман веќе ја познава средината и што стратегот бара од него.
Останува да се види дали напаѓачот ќе остане во сегашниот клуб и по 30 јуни, сценариот кое во моментов делува (не)реално, ама треба да се земе во предвид и дека Челси не сака да му го испорача она што го бара што на крајот може да влијае врз конечната негова одлука.
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 16 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)