Чаневски успешно опериран, се враќа на терените дури наредната сезона

canevski

Првиот голман на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски имаше успешна операција на коленото, откако пред неполн месец ги скина лигаментите на средбата против Тинекс Пролет во Суперлигата.

Сега следува долга пауза за 29-голман кој се очекува да се врати на терените дури наредната кампања. Ова за Чаневски беше втора сезона во Битола, а клубот му посака брзо заздравување и враќање на ракометните терени.

Градимир претходно беше дел од Вардар и Вардар Јуниор.

Facebook Коментари