Поврзете се со нас

Македонија

Чаневски се враќа во Скопје: Можев да заминам во странство, но понудата на Бутел беше најдобра за мене

Објавено

на

Искусниот македонски голман Градимир Чаневски од наредната сезона ќе го гледаме меѓу стативите на прволигашот Бутел.

Чаневски во изминативе пет години беше во Битола каде настапуваше за Еурофарм Пелистер, но договорот му заврши и како слободен агент можеше да ја избере новата средина. На негова адреса пристигнале повеќе понуди од Македонија и странство, но онаа на Бутел била најдобра и затоа се одлучил да потпише четиригодишен договор.

-Имав неколку понуди од странство и од Македонија, но понудата од Бутел Скопје беше најдобра за мене. Имавме разговори со сопственикот на клубот и сфатив дека станува збор за амбициозен проект поддржан и воден од одличен кадар.

-Бутел има добра екипа, хомогена и сите се како еден, а тоа е одличен предуслов. Од тоа што го знам, Бутел е еден од најорганизираните и најпрофесионалните клубови во Македонија. Среќен сум што се враќам во Скопје по пет години поминати во Битола. Сега следува малку одмор, а потоа да се фатиме за работа, затоа што не очекува напорна и интересна сезона, -вели Градимир кој претходно настапуваше за Вардар, Металург и Вардар Јуниор.

Инаку Чаневски е второ засилување за Бутел по десниот бек Денис Тот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни