Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу за „трансферот“ кој се најавуваше: Горд сум што сум дел од семејството на Интер…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Хакан Чалханоглу беше поврзуван со изненадувачки трансфер во Баерн Минхен во текот на Европското првенство, но таа приказна траеше само неколку дена.

Турчинот ги реши сите дилеми и порача дека останува на „Сан Сиро“ со што страстите се смирија, односно Баерн остана да се фокусира на други цели.

Чалханоглу им се обрати на тифозите на Интер по најавата за сензационален трансфер во Баерн (Фото)

Хакан со својата селекција го заврши настапот на ЕП, па по мечот со Холандија испрати уште една јасна порака за иднина.

-Никогаш не сум размислувал за заминување. Горд сум што сум дел од семејството на Интер. Јас сум Интериста, моето срце е „црно-сино“. Да продолжиме, -порача фудбалерот од средината на теренот.

Чалханоглу сакал да го искористи Баерн за да добие подобар договор од Интер

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни