Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чалханоглу: Сигурно ќе го поминеме Порто ако…

Објавено

на

Интер вечерва му гостува на Порто во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, меч на кој „нероаѕурите“ ќе влезат со предност од 1-0 остварена на „Џузепе Меаца“ минатиот месец.

Овој дуел за калчолигашот доаѓа во тежок момент по шокантниот пораз од Специја во Серија А и ако се дозволи нов удар тоа ќе значи и нов „земјотрес“ во таборот на клубот од Милано, односно има најави дека за тоа цената ќе ја плати тренерот Симоне Инѕаги.

Порто е незгодна екипа и тоа во изминативе години можеа да го почуствуваат многу италијански екипи, но според Хакан Чалханоглу се зависи од нив на вечерашното гостување, односно ако одиграа како што знаат тогаш одат во наредната рунда.

-Ако ги оставиме срцата на терен, бидеме обединети како што секогаш сме во мечевите во ЛШ. Ако тоа го направиме, убеден сум ќе се пласираме во четвртфиналето, -истакна Хакан.

-Ние мора да ја задржиме оваа концентрација и оганот во нас. Ние сакаме да продолжиме во Лигата на шампионите и знаеме што нè чека. Имам играно овде, ја знам атмосферата со која ќе се соочиме. Ама по Специја, тимот е многу фокусиран, не можеме да чекаме да излеземе на теренот, -додаде турскиот интернационалец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни