Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу сакал да го искористи Баерн за да добие подобар договор од Интер

Објавено

на

foto: https://twitter.com/Inter

Неколку дена траеше драмата околу Хакан Чалханоглу и неговата иднина во Интер со оглед на интересот што го имаше од Баерн Минхен.

Баерн го „меркаше“ турскиот репрезентативец и сакаше да го донесе на „Алијанц Арена“, но по краток период заврши оваа приказна со објава на играчот дека останува во Милано.

Чалханоглу им се обрати на тифозите на Интер по најавата за сензационален трансфер во Баерн (Фото)

Откако стана јасно дека нема ништо од преселбата во Минхен, „Газета Дело Спорт“ излезе со информација како Хакан и агентот сакале да го искористат интересот од бавараците за да изнудат подобар договор од Интер.

Желбата била договорот да биде продолжен за уште една дополнителна година со секако подобри услови за офанзивецот, идеја која управата на шампионот веднаш ја одбила.

Порака била многу јасна и директна, па Чалханоглу и неговиот застапник се вратиле чекор наназад, поточно било пресечено сепак да се остане на „Џузепе Меаца“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни