Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу откри зошто се решил на трансфер во Интер и издвои еден свој соиграч

Објавено

на

Хакан Чалханоглу во последниот преоден рок се пресели од Милан во Интер и тоа откако му истече договорот со „росонерите“, но вели дека не го направил тоа поради подобрата финансиска понуда, туку поради желбата за нов предизвик.

Турскиот репрезентативец вели дека и натаму има многу пријатели во редовите на градскиот ривал, но сега е концентриран на работата во својот нов клуб.

– Не бев изненаден од понудата на Интер. Иако ми истекуваше договорот, знаев дека ќе добијам солидни понуди. Поминав убави четири години во Милан, последните две беа многу подобри поради Пиоли, но решив да го прифатам новиот предизвик во истиот град, – вели Чалханоглу.

На прашањето кој нов соиграч би го издвоил поради квалитетите, тој имал интересен одговор.

– Во Интер има многу квалитетни фудбалери и би требало да ги споменам сите поради една или друга причина. Но, ако треба да издвојам само еден, тоа е Шкриниар, одлична личност, одличен карактер и одличен дефанзивец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни