Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу откри кој играч го натерал да ја прифати понудата на Интер

Објавено

на

Хакан Чалханоглу ова попладне и официјално го комплетираше фудаблското предавство за кое зборуваше цела спортска јавност во Италија, бидејќи и дефинитивно беше потврден како големо засилување на Интер откако не успеа да пронајде заеднички јазик со Милан за продолжување на соработката.

По четири години на „Сан Сиро“, турскиот репрезентативец продолжува во иститот град и ќе игра за големиот соседски ривал до 2024-та година, трансфер по кој го одработи и првото интервју за официјалната клупска телевизија на италијанскиот првак.

Играчот за врска потенцира дека доаѓа со желба да освои важен трофеј во Интер, а за време на разговорот, открива и која играчка легенда на Интер го убедил дека го прави вистинскиот чекор.

– Интер има фантастичен тим, станува збор за голем клуб и атмосферата е нависитна извонредна по освоеното Скудето. Моја цел е да го освојам Скудетото, нешто што беше направено изминатава сезона. Веќе сум прилагоден во Италија и знам каков е фудбалот во оваа земја. Првата година ми беше тешка, но сега имам многу пријатели во Милано и самодовербата е на завидно ниво. Одиграв навистина добра сезона со Пиоли на мојата вистинска позиција и тоа ми дава голем плус.

– Знам дека мора да работам, стартната позиција во тимот никој нема да ми ја подари. Мора да се изборам за моето место, се надевам дека со мојот квалитет ќе му помогнам на тимот.

– Емре Белозоглу беше човекот кој ми кажа многу добри работи за Интер. Ми порача дека работите функционираат одлично и дека клубот е добро организиран. Ме советуваше да ја прифатам понудата и да уживам во мојот престој тука, – открива Чалханоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни