Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу: Лути сме затоа што судијата не ја гледаше снимката од стартот на Ребиќ

Објавено

на

Милан голем дел од натпреварот против Јувентус го одигра со играч помалку поради исклучувањето на Анте Ребиќ, кое според потегот што го направи Хрватот беше повеќе од заслужено.

Сепак, Хакан Чалханоглу најде замерка за судијата Даниеле Орсато, велејќи дека тој погрешил затоа што не го прегледал видеото од ситуацијата.

– Навистина сме лути, бидејќи судијата ја прегледуваше снимката за пеналот на Роналдо, а тоа не го направи за црвениот картон.

– Ако ги гледаме двата натпревара, не знам кој заслужи повеќе да се најде во финалето. Мислам дека ако ги имавме Ибрахимовиќ, Кастилјехо и Родригез, ќе бевме посилни. Природно е натпреварите со Јувентус да бидат тешки, но овој пат бевме рамноправни, – изјавил Чалханоглу.

– Ова беше поинакво искуство (играње без публика), но правилата се такви и мора да ги почитуваме, дополнил турскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни